Кожните панталони се омилени на сите девојки, како и фармерките.
Претходно, тие не се носеа секојдневно, но секако трендовите се менуваат и тие сега се составен дел на гардеробата на речиси секоја девојка.
Кожните панталони во комбинација со бела маица и јакна е комбинација која е многу удобна и е носива во секоја пригода. Дизајнерите посветуваат големо внимание на кожните панталони и ги презентираат во различни стилови. Тесни, класични, сечени, со широки ногавици, изразени џебови или шавови, црни или во светли бои …
Без оглед кој модел да одберете, можете да ги носите во комбинација со вашите омилени маици и дуксери, лесни кошули, туники, како и класични капути или машки јакни.