Прославете ја бојата на годината …
Пантоне ја најави класично сината за 2020 година!
Овој пат тоа е Classic Blue, а нас не интересира зошто оваа боја е идеална за 2020 година?
Сината боја „е наменета да симболизира заштита, стабилност, мир и самодоверба, како и да поттикне длабоко размислување, отворен ум и комуникација“, се вели во соопштението на компанијата.
Одбравме неколку сини козметички производи кои сигурно ќе се најдат во вашата козметичка торбичка, оваа година.