Плишот е идеален за сезоната на празници.
Без разлика дали е тоа Нова Година ичи Божиќ, кадифениот фустан секогаш ќе изгледа модерно, елегантно и софистицирано.
Играјте на сигурно, на моделите во црна боја. Иако се препорачува за празничната сезона плишот во нијанси на смарагд и црвена боја, ние сепак ви предлагаме да останете доследни на класичната црна боја која ќе ја стилизирате со додатоци во метални бои.
Кога станува збор за силуети, доминираат модели инспирирани од стилот на осумдесеттите години со нагласени раменици, миди должина или транспарентни ракави.
Ги разгледавме колекциите на разни брендови и ги избравме најубавите кадифени фустани за зимската сезона.