За својата најнова Fenty (моден бренд на Ријана) колекција, Ријана го ангажираше британскиот дизајнер A Sai Tai, за да создаде лимитирано издание на нејзината најнова City Bloom колекција.
Дизајнерот колекцијата ја интерпретираше во форма на фустани, како и блузи со долги ракави, комбинирајќи цветен дизајн во нијансите на Iced Rose и Light Matcha со неговиот познат дезен Hot Wok.
Ексклузивната капсула колекција ќе биде достапна во стоковната куќа Selfridges.