Модерното миди здолниште со монистра ќе стане едно од најсестраните парчиња во вашата колекција на облека.
Облечете ја со свилена кошула и високи потпетици за вечерната новогодишна забава, а потоа со плетен џемпер и удобни чизми за Божиќ.
Оваа сезона, во колекциите на најпознатите брендови доминираат здолништа со монистра средна должина. Едноставни – како прави или со необични рабови тие се идеални за создавање празничен стајлинг.
Ви предлагаме да изберете модели во сребрена боја кои изгледаат совршени кога се спарени со топли бели џемпери или елегантни црни кошули.
Ако сè уште не сте купиле здолниште како ова, вистинско време е затоа што најпродаваните дизајни брзо се распродаваат.
Еве го нашиот избор!