И додека целиот свет сериозно планира што да прави за Нова Година и Божиќ, за некои парови Денот на вљубените е далеку поголема и поважна работа…
Guerlain во соработка со хотелот Mandarin Oriental Paris лансираше романтичен пакет наречен Be My Valentine.
Нивната понуда ќе биде достапна од 1-ви до 29-ти февруари следната година, а целата приказна започнува кога гостите влегуваат во нивните специјални соби со аранжмани креирани со ливчиња од роза и други романтични третмани, вклучително и слатки и розов шампањ.
Потоа, на ред е подарокот, La Petite Robe Noire So Frenchy, кој е познат по своите заводливи ноти на црна вишна, пачули и црн чај. Покрај тоа, таму ќе има и нов кармин Rouge G во мат розова боја. Највозбудливиот дел од понудата е уживањето и релаксација во The Spa центарот, со 100 евра достапни за разни третмани.
Исто така, можете да добиете консултација со вработен во бутикот Guerlain Vendome кој се наоѓа на само неколку чекори од хотелот. Вашето шише парфем може да биде гравирано со вашето име или порака за вашата сакана, што, ќе признаете, е совршен спомен на тој ден.