Сезоната на празнување официјално започнала во замокот Виндзор …
Кралското семејство сподели фотографии од нивната украсена декорација за да нè внесат во сезоната на празниците со стил. Најпознат елемент е секако шест метри високата елка, украсена со традиционални елементи од црвена и златна боја, кои совршено одговараат на црвените завеси и ќилими, како и на sидовите со волнени панели.
За да биде само една елка за толку импресивна резидениција, кралското семејство има уште две во собата Crimson Drawing, која е подеднакво убаво украсена. Според веб-страницата на замокот, целиот простор е елегантно украсен, со сите официјални и приватни простории отворени за јавноста само за време на зимската сезона.
Иако украсувањето на просторот со елки е вообичаена практика, традицијата има посебно место во срцата на славното кралско семејство. Според некои наводи, кралицата Викторија и принцот Алберт ја популаризирале оваа традиција во Европа кога украсиле жива елка во замокот во 1848 година. Декорацијата на зимзеленото дрво одамна била традиција во делови од Германија, во домот на принцот Алберт.
Патем, оваа година се одбележува двестегодишнината од раѓањето на кралицата Викторија и принцот Алберт, па членовите на кралското семејство им посветуваа посебно внимание на оваа двојка преку украсите кои ги користеа.