500 луѓе најдоа работа!
Групацијата H&M планира да ги поддржува мигрантите, а компанијата има партнерство со меѓународната организација Tent Partnership for Refugees.
Како дел од иницијативата, Групацијата H&M ќе обезбеди работни места за мигрантите во синџирот на снабдување на компанијата. “Ние сакаме нашето партнерство со Tent да го зајакне нашето знаење за тоа како приватниот сектор може да им помогне на бегалците. Покрај тоа, започнавме соработка со Меѓународната организација за миграција, што е многу важно за да се обезбедат фер услови за работа за мигрантите во нашиот ланец на снабдување.” рече првиот човек на Групацијата H&M.
На пример, во Турција, H&M веќе работи со локалните организации за поддршка на мигрантите и ги охрабрува нивните добавувачи да ги ангажираат. Сега, 20 добавувачи на Групацијата H&M се вклучени во проектот, кој обезбеди работни места за околу 500 луѓе. До 2025 година, Групацијата H&M планира да вработи над 2.000 мигранти.