На нашата програма во следните денови:
17.12. // 20:00 – Крстана од Америка – Stand-Up Comedy со Ивана Наскова
Хуманитарен стенд ап кој има за цел добро да ве насмее и да ги направи новогодишните празници поубави за најранливата категорија граѓани.
18.12. // 18:00 – Бесплатен “Мастерклас” со Пеџа Јовановиќ – тренер и коуч
Запознајте се со техниките на високо продуктивните индивидуалци и највлијателните луѓе на денешницата.
20.12. // 17:00 – Петок после работа
Уживаме во вкусен бургер со Златен Даб, по супер цена од 100 денари.
20.12. // 18:30 – Тип 1 дијабетес: Да, ние можеме
Промоција на книга и едукативно предавање на тема “Иновативни технологии и третман кај Дијабетесот – состојбите со дијабетесот во светот и кај нас”.
21.12. // 21:00 – Предновогодишни дружења во Public Room
Музичка селекција за добро саботно опуштање.
22.12. // 13:00 – Spice it up with Vegeta Natur #3
Повелете на неделен ручек со најсаканите и пробајте ги новите зачини на Вегета со кои ќе ви готвиме.
Ви посакуваме пријатна работна седмица и најубав декември!
Нашето електронско известување го испраќаме на нашите омилени личности, затоа што сакаме секогаш да се информирани за интересните случувања во Јавна Соба!
Очекувајте го нашето неделно известување и следниот понеделник.