Краткиот фустан може да изгледа исклучително елегантен, особено ако ви стои како ваша втора кожа. Бидејќи нозете се во прв план, не претерувајте со вашето деколте, особено ако е многу краток. За моделите до коленото и под коленото, можете да изберете подлабоко деколте, а изрез на грбот, секогаш делува многу привлечно.
Бидејќи е Нова година, не плашете се од монистри, сјајни и метални бои – тие се совршени за оваа пригода!
Кратките фустани се одличен избор за дочек на Новата година во ресторани, но и за новогодишните прослави во клубови или кафулиња.