Креативниот директор на брендот, Ентони Вакарело, се фокусира на гардероба која е исполнета со неутрални тонови, вклучувајќи црна, бела и окер. Моделите Каја Гербер, Мед Мулинс и Тес Линенкопер се појавуваат на фотографиите од официјалниот каталог.
Вакарело ни понуди убаво кроени блејзери, мини фустани, везени блузи и тексас шорцеви.
За поелегантни моменти, жените Сен Лоран избираат тантела и јакни од вештачко крзно. Што се однесува до чевлите, понудени се сандали со ремени, чизми од велур со должина до коленото и балетанки.