Брендот „Џими Чу“ ја ангажираше британската моделка, Рози Хантингтон Витли, како лице на својот едиторијал во стилот „По мој избор“ …
Русокосата убавица ги облече сите модели од колекцијата ресорт 2020, од високи потпетици украсени со кристали до сандали со ремени. Ги спари обувките со фустани и прецизно прилагодени блејзери.
„Моето златно правило е секогаш да одбирам одлични чевли. Класичен мал црн фустан со одличен пар чевли, секогаш ќе ве освои без оглед на настанот: формална вечера, коктел, што и да било “, објаснува Роузи.