Венецот е украсен елемент најчесто се изработува и користи за украсување на просторот за време на пречекот на Новата година.
Како се приближува времето на Нова година и Божиќ, сите ние бараме таков венец. Со него можете да ги декорирате вратите, прозорците, камини или кој било ентериер што сакате да го потенцирате.
Овој венец обично се украсува со зелени, црвени или златни украси, во зависност од стилот на украсување на домот, а вие можете сами да го направите од хартија, гранчиња, мониста или светилки, всушност од сè што ви доаѓа на ум.
За да создадете интересен венец, се што ви треба е имагинација, а доколку немате, можете да најдете разни варијанти во продавниците и да го изберете тој што ви се допаѓа најдобро.