Панталони со ефект на бескрајно долги нозе и волнени фустани со деколте за убаво да ја преживеете зимата
Во колекцијата pre-fall 2020 на Џил Сандер дизајнерите Лук и Луси Меер внимателно дизајнираа парчиња облека до најситните детали, а линијата стана рај за модните љубители на минимализмот.
Длабоките јасни бои кои сами по себе стануваат украс на гардеробата во комбинација со рељефната текстура, создаваат колекција надвор од времето и трендовите.
Со кожен и сатенски тотален изглед, високи панталони од волна, со бескрајно долги хеланки, блузи со отмени перфорации и фустаните на Џил Сандер, секоја од нас разиграно ќе ја преживее дури и најстудената и најтешка зима.