Ким Џонс посочи дека тој е „комерцијален уметник“, а тој став го зацврсти со неговата пред-есенска ревија за „Диор“ 2020 година во Мајами.
Во Џонсовата ода кон lo-fi синиот еклектицизам, секој можеше да најде нешто за себе, а во првиот ред можеа да се видат многу познати личности, меѓу кои Ким Кардашијан-Вест, Кортни Кардашијан, Дејвид Бекам, Кејт Мос и Бела Хадид.
Кардашијан-Вест го сподели своето задоволство од ревијата и ја сподели торбата на Инстаграм, каде објави бројни приказни. Со овој потег, со кој Џонс влијае на модниот свет и Кардашијан на масовниот пазар, Ким и Ким утврдија со кој дезен ќе владее светот на модата следната сезона.
Затоа, побрзајте да си набавите свое модно парче со принт од змија.