Француската модна куќа Кристијан Лобутен реши да ги освои срцата на сите девојки во новата сезона.
Брендот неодамна ги здружи силите со британскиот Royal Ballet и претстави колекција на исклучителни чевли засновани на култното шоу „Заспаната убавица“.
„Танцот отсекогаш бил составен дел од мојата работа“, коментира дизајнерот за соработката. „Бев инспириран од волшебните претстави на компанијата Royal Ballet Company, а Sleeping Beauty ме инспирираше за создавање чевли во стилот на принцезата од бајката“ – украсени со голем пупка од роза, додека петицата е украсена со златно трње.
Покрај тоа, новата соработка е добротворна: парите од продажбата ќе бидат донирани во Кралската оперска куќа.