Гордо сместен во срцето на Менхетен, станот на Бет Мидлер, со површина од околу 700 квадратни метри, веројатно нуди еден од најдобрите погледи на Њујорк…
Славната пејачка, текстописец, актерка и комичарка одлучи заедно со својот сопруг дека нивниот неверојатен пентхаус со 14 соби е преголем за нив. Како резултат на тоа, тие го ставија на продажба по цена од 50 милиони долари.
Нејзиниот стан зафаќа три ката во зграда од камен и тула, која била изградена во текот на 1920-тите. Како што рековме и порано, погледот на градот обезбеден од овој стан може да се смета за најдобар во целиот Њујорк. Самиот стан има околу 300 квадратни метри екстериер, така што има многу простор за уживање со неверојатната глетка.
Покрај тоа, тука е и стаклената градина со стаклен покрив и прозорци, кровна тераса со масивна платформа, библиотека со полици од подот до таванот и многу повеќе.
Главниот дел од станот се наоѓа на петнаесеттиот кат и содржи пет спални соби, шест купатила, семејна просторија, перална и теретана. Главната спалната соба има сопствен камин и гардероба, заедно со работен простор.
Дали вие би сакала да живеете овде?