Кожни панталони, твид јакна и две Шанел торби: се најдобро одеднаш!
Со беспрекорен секојдневен стајлинг, Селин Дион самоуверено ја освојува славата на моден инфлуенсер.
Во последно време, пејачката се повеќе се појавува во одлични комбинации на облека, така да и ние сакаме веднаш да ги земеме во предвид нејзините идеи.
Овој пат: 51-годишната Селин Дион се појави во Њујорк во совршената есенска комбинација, што е лесна и за работните денови.
Пејачката се потпира на едноставни и елегантни работи, но им додава интересна нота со необичен избор на текстури, избирајќи кожени пантолони од крокодил кожа и топло твид сако со златни нити. Таа носи обично црна ролка под сакото. Две торби Шанел во исто време, се уште еден необичен трик во духот на најновите трендови, а стилот вреди да се позајми.