Cruise колекцијата на брендот Alexander McQueen изгледа како вистинска haute couture …
Цветните фустани, како да се направени од свилена хартија со техниката на оригами, демонстрираат високо мајсторство на британскиот крој – како и архитектонските блејзери или здолништата со набори изработени од кожа.
Фокусирајќи се на фуксијата на многу начини, Сара Бартон ја комбинираше со црвената: изгледа дека ова ќе биде нашата омилена комбинација на бои следната сезона.
Талентираната дизајнерка ги позајми идеите за цветните принтови од Кралската ботаничка градина во Лондон, оживувајќи ги ретките или изумрени цвеќиња од колекцијата на главниот хербариум во земјата.