Teddy bear палтата се подеднакво удобни и елегантни, а нивната главна карактеристика е големината и мекиот материјал.
Овие палта станаа главно парче во зимската гардероба и се еден од омилените стилови на многу модни блогерки и модно свесни дами.
Овој тренд, кој полека станува класичен, инспириран од плишаните мечиња, го најде својот пат од модните писти до гардеробите на сите девојки, така што забележуваме дека во постудените денови го преплавија Инстаграм.