Во светот кој постојано се менува, понекогаш дури и неизвесноста, флексибилноста и функционалноста стануваат суштински во животот на дизајнот…
Aran Cucine ги крши правилата и ја претставува Cover, уникатната кујна која може да се прилагодува и секогаш може да се обновува.
Она што нè восхитува во врска со оваа кујна се нејзините специјално дизајнирани врати, создадени од LPL панели и метални листови, кои делуваат како поддршка за бројни графики кои можат да се отпечатат на магнетизирани ПВЦ филмови.
Потребни се само неколку чекори за да се трансформира лицето и стилот на вашата кујна – сè што треба да направите е да изберете графика, бои, цртеж или фотографија, компанијата ќе го отпечати вашиот филм и вашата кујна ќе добие нов изглед за неколку часови.
Прототиповите и индустријализацијата на овие врати, кои можат да се комбинираат со други Aran Cucine колекции и елементи, бараа работа од целата компанија. Овие облоги се прилагодуваат на вкусот и потребите на корисниците како камелеони, менувајќи ги според сите вашите желби.