Vera Wang Bridal ја одбележува својата триесетта годишнина на постоење, како и шеесеттата свадбена колекција…
Каталогот создаден за сезоната есен / зима 2020 прикажува модели ослободени од монистра, букети и цвеќиња, а наместо тоа, моделите Дага Зиобер и Алис Меца позираат во многу драматични силуети.
Ванг понуди палета на бои, вклучувајќи бела, шампањ и црна боја. Фустаните се извезени со готски дезени со зборовите „love”, “I do” и “forever”, а како модни додатоци младите носат капи и нараквици.