На 4ти и 5ти ноември, Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, Скопје го организира првиот состанок на проектот за европска соработка со име АКТ: Уметност, клима, транзиција (АКТ).

Главната цел на овој проект е зголемување на свеста околу темата на климатските промени, масовното истребување и невидено губење на биолошката разновидност. АКТ го задржува својот фокус во полето на уметноста, екологијата и климатските промени, но исто така се фокусира и на поврзаноста на нееднаквоста, климатската правда и урбаните екологии. Централна точка на проектот е Европа како место на зголемување на популистичките и националистичките тенденции, еластичноста на граѓанските системи и политичкото расудување. За само неколку години од договорите во врска со COP21 во Париз, свеста и итноста за климатските проблеми се согледува широко – но делува премалку и предоцна. 

Како проект на соработка помеѓу десет европски културни организации, АКТ се пронајдува во поле во кое ги поврзува уметноста со она што денес го гледаме како најитна агенда: дејствувај, кон праведна транзиција. 

Во периодот, септември 2019 година – август 2023 година, во рамките на овој проект ќе се организираат повеќе средби во различни европски центри, во кој се вклучени десет уметнички организации од Европа: Арт Админ, Лондон – Велика Британија, Бункер, Љjубљана – Словенија, Културвест, Лисабон – Португалија, ЦЕАЛ, Париз – Франција, Домино, Загреб – Хрватска, Театар Кааи, Брисел – Белгија, Кампнагел, Хамбург – Германија, НТИЛ, Рига – Латвија, Театар Ротердам, Ротердам – Холандија, Локомотива- Скопје. 

Во текот на оваа средба во Скопје, учесниците ќе имаат можност да проследат и два перформанси на македонски уметници, кои се дел од програмата Уметност, Политика, Институција, Тело, организирана од Локомотива, Скопје. На 4 ноември со почеток во 19:00 часот, „MOONLIGHT“ од Александар Георгиев и Дарио Барето Дамас и на 5 ноември во 19:00 часот, „Оваа зграда зборува навистина“, од Филип Јовановски. 

*** 

Проектот АКТ: Уметност, клима, транзиција (AКT) е поддржан од Европса Унија, програмата на Креативна Европа

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНовогодишна колекција Les Ornements de Chanel!
Следна објаваВтор ден на Моден Викенд Скопје: Носталгија за минатото и поглед кон иднината
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР