Њујоршката модна дизајнерка Chatrine Holstein е ново име на модната сцена која со вртоглава брзина го освои модниот свет лансирајќи го својот бренд пред неполни четири години.
>Неодамна таа ја престави својата најнова модна линија со наслов (RESORT 2020).
Колекцијата содржи модни аксесоари, торби и чевли со т.н Kitten heels потпетици, а ги обожуваат љубителиките кои го преферираат минимализмот во својот личен стил. Многу бројни холивудски звезди од филмското платно ги носат овие впечатливи модели. Судејќи по фотографиите кои можат да се видат на улиците на светските метрополи, моделите на Holstein и те како се застапени кај модните инсајдери.
За оваа прилика ние издвоивме за вас едни од највпечатливите модели на чевли кои се карактеризираат со еднставен дизајн, истите може да се најдат и онлајн и тоа во три бои, црна, карамел и шарени. Несомнено е дека сите дами со сопствен стил ќе посакаат сезонава да имаат барем еден модел од овие чевли.