Со ревијата на Луи Витон заврши модната недела во Париз
Новата колекцијата на француската модна куќа не само што беше главен белег на четиринеделен моден пат, туку го означи и почетокот на новата декада. Делото на Николас Жескер во Луи Витон е тесно поврзано со минатото. Дизајнерот кокетираше со осумдесетите во претходната сезона, неколку сезони пред тоа со естетиката од 18 век, овој пат со „Belle Époque“.
„Ова е дел од француската историја, што е многу интересно и во однос на уметноста и во контекст на еманципацијата на жените и секако литературата на Пруст“, објасни тој.