Изгледајте како супер моделот Џиџи Хадид.
Есенската и зимската гардероба секогаш е компромис помеѓу удобноста, топлината и убавината. Сепак, не мора да жртвувате ништо. Доколку сакате да носите женски здолништа и покрај студените температури, тогаш предност дадете и на плетена облека и модерните здолништа од трикотажа, како Џиџи Хадид.
Познатиот модел беше видена како носи плетено здолниште за време на модната недела во Париз. Манекенката го надополни здолништето со јакна и црвени чизми за контраст.
Алтернативно, носете здолниште и џемпер од ист материјал. И тогаш студот не ви може ништо.