Иконскиот Louis Vuitton Monogram дезен доби нов изглед, а ние мора да признаеме дека многу ни се допаѓа. Познатата француска модна куќа го крена класичниот animal дезен, истакнувајќи ги своите најдобри парчиња.
Инспирирани од шарите на зебра и леопард, Louis Vuitton ги комбинираше овие отпечатоци со традиционалниот Monogram, во волшебна палета на природни тонови. Колекцијата има основни, класични модели како торбички Neverfull и Onthego Tote, чанти од Twist и NeoNoe, мали кожни додатоци и детали, што ни дава можност да заблескаме во еден сосема нов стил оваа есен.