Сите знаеме дека креативниот директор на Балмен, Оливие Рустеин, е најдобар пријател со семејството Кардашијан.
Најмладата членка на семејството, Кајли Џенер, во соработка со Оливие, создаде колекција за шминка специјално за неговата пролетна модна ревија на модната недела во Париз. Козметиката не се користеше само кај моделите, туку беше достапна и за купување преку Интернет.
Оставајќи го настрана beauty аспектот, Оливие прикажа на модната писта колекција од фустани со геометријски форми, оштри и деконструирани костуми, како и класичен смокинг.
Балмен се врати во минатото со својата нова колекција, но за разлика од толку многу колекции кои овие денови се вратија назад во 80-тите, облеката на Балмен не потсети на почетокот на векот.