Дизајнерот Salvatore Feragamo, откри дека неговата нова линија се стреми да ја одрази богатата разновидност на светот во кој живееме. „Сакав да ја претставам рефлексијата на светот околу нас, во 2019 година. Овие потпетици се дизајнирани да покажат убавина и разновидност – клучни елементи на филозофијата „Patchwork of Character“, што е водечки принцип на нашиот тим, сезони наназад – овозможувајќи игра на светлината под влијание на површините на навидум случаен начин. Секој пат кога ќе погледнете во Refracted петите, можеби тие ќе ви чинат поинакви. Ова секако не е маана, туку нивна главна моќ “, рече тој.