Ако постои нешто, што според мислењето на многумина, го симболизира среќното детство, тоа мора да е рингишпилот или вртелешката …
Брендот Сваровски, постави блескав рингишпил, украсен со петнаесет милиони кристали.
Сместена во Австрија, во прекрасно природно опкружување, овој рингишпил е функционална, интерактивна забава, украсена со 15 милиони Сваровски кристали, заедно со ефикасно поставено нежно осветлување и 12 тавански и шест sидни панели. Рингишпилот е висок 6,5 метри, со пречник од 12,5 метри и може да прими дури дваесет и осум патници истовремено. Уметничкото дело моментално се наоѓа во тематски парк Сваровски Кристалвелтен во Ватнс, Австрија.Коментирајќи ја оваа прекрасна новина, дизајнерот Хајон рече: „Каруселот буди чувства на слобода и радост – тоа е уметничко парче во движење и место каде се создава имагинација. Возбуден сум што многу луѓе ќе можат да бидат транспортирани во бајка. Сваровски има способност да сонува со вас – тие не се плашат од предизвикот и се подготвени да одат еден чекор подалеку за секоја идеја да се оствари “.