Ревијата се одржа како дел од Модната недела во Лондон.
Ако некоја модна ревија најмногу се очекува на Модната недела во Лондон, тогаш тоа е дефинитивно на модната куќа Burberry.
Рикардо Тиши, како и секогаш, не не разочара. Во Лондон колекцијата беше претставена од топ моделите Ирина Шајк, Кендал Џенер со новата фризура и сестрите Хадид. Дизајнерот имаше подршка од Наоми Кембел, Изабел Фонтана, Карла Бруни, Дуа Липа и други гости.
Дизајнерот најде инспирација во викторијанско време, кога се роди овој славен бренд. Меѓу најголемите трендови на претстојната пролет е шалот со принт кој го претвори во блуза, маици, здолништа и.т.н.
Многу здолништа со карнери, кардигани и лежерни маици, палетата е бела, сива и беж.