„Сакав да создадам место во кое можете да го заборавите вашиот стресен работен ден и да имате можност да го напуштите градскиот метежот во светол, нежен и малку зачудувачки дом …“
Со оваа реченица, младиот руски архитект Дмитри Ројтов го опишува неговиот дизајн на мал стан на Менхетен, во нијанси на шеќерно розова и зелена – нане нијанса, украсен со големи кактуси. „Бев инспириран од мексиканската тема, природните бои на пејзажот и живописот на таа традиционална архитектура“.
Мебелот и sидовите се во нијанси на розова боја, како и полиуретанските цевки кои се посебно обоени. За да се спротивстават на вертикалните линии, издолжената странична плоча е покриена со Terrazzo плочки.