Земјите од Г-7 потпишаа еколошки договор со 20 модни брендови за спас на планетата …
На самитот на G7, што се одржува во Бијариц од 24 до 26 август, водачите на државите потпишаа договор со модните брендови за акција во борба против климатските промени.
Повеќе од 20 модни брендови им се придружија на лидерите на G7, вклучувајќи ги Kering, H&M и Zara, Inditex. Тие потпишаа глобален пакт за борба против климатската криза и заштита на биолошката разновидност на океаните.