Кога сте незадоволни од работата што ја работите, тоа се рефлектира на секоја ситуација во вашиот живот.
Не убедувајте се себе си дека на секоја работа е исто, затоа што не е.
Ова се 3 знаци кои јасно покажуваат дека сте заглавени во работа што не ви одговара:
Вие не напредувате
Со години сте на иста позиција. Вие не напредувате ниту во однос на стекнувањето нови вештини, ниту на вашата позиција. Ова е јасен знак дека работата што ја работите не е мотивирачка и не ве исполнува.
Работата едноставно не ги исполнува вашите очекувања
Очекувањата за вашата деловна активност се иневерени. Ако е така, дефинитивно е време да барате работа што ги исполнува сите ваши очекувања.
Вие сте под голем стрес
Едноставно, не смеете да си дозволите да се вратите дома нервозни после работа, да го оптеретите вашето семејство и да ја нарушите својата оазата на мир. Ако работата што ја работите е толку стресна што секој ден се будите со стомачни болки, тогаш е вистинско време да направите кратка пауза за да ја пронајдете работата што ја сакате.