Haute Couture предмети како дел од уметничката колекција на Сенди Шрејер.
Музејот на уметноста Метрополитен во Њујорк ја објави темата на следната изложба, која ќе биде посветена на колекцијата на предмети собрани од Сенди Шрејер.
Во нејзината колекција има околу 1500 артикли од светски познати дизајнери. Повеќе од половина век, колекционерката Сенди Шрејер ја собира една од најдобрите колекции во САД, не како гардероба, туку како знак за признавање на оваа сфера како креативност.
Изложбата ќе се вика „Во потрага по модата: Колекцијата на Сенди Шрејер “и ќе прикаже 80 артикли од колекцијата.
Најстарариот експонат ќе биде фустанот на Пол Поаре од 1908 година. Изложбата ќе биде отворена на 27 ноември во Институтот за костуми и ќе трае до 17.05.2020 година.