Овие патики се креирани врз основа на фустанот од брендот Версаче, кој го носеше Џенифер Лопез!
Италијанската модна куќа Versace направи патики во соработка со брендот Concepts. Како резултат на тоа, моделот на патики Versace Chain Reaction се појави во бојата на легендарниот зелен фустан на Џенифер Лопез од свилен шифон, во кој пејачката се појави на доделувањето на Grammy наградата во 2000 година.