Банданите имаат чудна приказна. Може да биде поврзана со естетиката на каубојците, како и со хип-хоп културата на деведесеттите години, но и со стајлинзите на Џенифер Лопез на почетокот на 2000-тата.
Во седумдесеттите години од минатиот век, обоените бандани врзани за појасот и помогнаа на ЛГБТ заедницата да се идентификуваат во толпата и да зборуваат за нивните сексуални преференци.
Носталгичниот отпечаток, оваа сезона го вратија три големи брендови одеднаш – Chloe, Alexander Wang и Saint Laurent.