Овој пат, во центарот на вниманието се облеката и модните додатоци …
На времето, Alessandro Michele ги виде сезонските кампањи на модната куќа како можност за транспортирање на фановите и купувачите до фантастични места и нереални ситуации.
Моделите уживаат на градските улици со диви животни или во антички рушевини, каде што облеката ја носат вонземјани од други димензии, така да, брендот Gucci секогаш ја претставува својата интересна естетика, која нѐ воодушевува секој пат.
За модната кампања есен 2019 година, Alessandro Michele и неговите соработници се одлучија за малку попрагматичен пат од вообичаеното, давајќи им на фановите на Gucci брендот, час по модната историја на некој начин, истовремено прикажувајќи процеси во создавање на облеката кои се одвиваат зад сцената.