Во новиот lookbook британската дизајнерка отстапи од традиционалната интерпретација на свадбените фустани …
Наместо многу украси и големи раскошни здолништа со корсети, во новата сезона таа претпочита минималистички силуети во форма на песочен часовник и многу драперии.
Освен промена на силуетата, сменети се и боите. Свадбените фустани не се во светли бели нијанси, туку се крем и млечни. Отворените раменици и елегантните ракавици ментално нè враќаат во минатото на свечените балови во огромни палати на барокната ера, а масивните чевли со квадратен врв, на висока платформа, не потсетуваат на модерната реалност, додавајќи екстраваганција на секој свечен стајлинг.
Овој пат, Вивиен Вествуд им се придружи на еколозите: дизајнерката одбра еколошки ткаенини наместо природна свила, која ги нагласува формите на телото, претворајќи ја невестата во грчка божица.