Одмор во англиска провинција е нешто што секој мора да го доживее барем еднаш …
The Langley, Luxury Collection hotel во Bakinghamshire, планира да го пренесе ова искуство на едно ново ниво. Отворен пред само неколку недели, овој луксузен хотел кој се наоѓа во срцето на Bakinghamshire и Lengley Park, всушност е првиот Luxury Collection hotel на периферијата во Велика Британија.
Хотелот има само четириесет и една соба, а секоја од нив е убава на свој начин. Главната зграда на Langley Park House била изградена помеѓу 1756 и 1760 година, а во неа се наоѓа најлуксузното сместување, вклучувајќи го и декадентниот апартман на Војводата од Марлборо.
Ленгли Спа е уште една причина заради која треба да го посетите ова место. Опремено со погодности од светска класа, како што е базенот за виталност, амам, сауна од смрека и прекрасен базен со мермерни sидови, ова спа е оаза на мир и релаксација.