Иако звучи неверојатно, но не носете бел градник под бела облека.
Кога станува збор за долна облека, голем број жени се одлучуваат за бел градник, верувајќи дека тој е најмалку видлив под гардеробата. Особено во случаи кога носат бела маица или кошула.
Сепак, експертите од порталот “Тајмс од Индија” откриле дека не треба да носите бел или беж градник под светла облека, тврдејќи дека овие градници се истакнуваат и ќе го нарушат целиот изглед .
Наместо бел, тие советуваат црвен градник. Звучи неверојатно, но тие објаснуваат дека кожата всушност има црвени подтонови и затоа црвената боја на градникот се стопува со кожата и не се истакнува под белата кошула.
Во случај да имате посветол тен на кожата, треба да носите син градник, а за потемни тонови на кожата се препорачуваат темно црвени нијанси.
Жените со маслинест тен на кожата, треба да одберат градник во боја на боровинки.