За колекцијата Versace Resort 2020, Донатела Версаче најде инспирација во стилот на Дивиот запад, каубојски капии чизми, антилоп кожа и тенки врвки.
Колекцијата Versace Resort 2020 вклучува кошули и јакни со животински отпечатоци во барок стил, неонски бои, панталони, парчиња од тантела во црвена и сина боја, и фустани со нагласени раменици. Златни ланци, глава на Медуза, масивна копчиња – колекцијата е украсена со сите кодови на Versace.
Вреди да се обрне внимание на модните додатоци. На фотографиите можеме да ги видиме моделите кои позираат со минијатурни волнени чанти и чанти со змиски принт, каубојски чизми, сандали на висока пета, со врзување во западен стил.