Ако со подеднаква страст го сакате кафето и естетиката, еве едно интересно парче мебел …
Освен што ќе го редизајнирате аголот на вашиот дом, во исто време ќе додадете стил, интерес и чист луксуз, со новата Drip маса за кафе од брендот Blackman Cruz.
Изработена од рачно патинирана бронза, масата е уникатно креирана за да се добие цврста естетска привлечност и впечаток на топење со својот ексклузивен дизајн. Егзотичното парче е полирано со рака, а во домот, ќе го привлече вниманието на секој човек кој што ќе го погледне.