Пентахаус во една од најлуксузните резиденции во Монако: Ле Мирабо …
Станува збор за спектакуларен стан, кој се наоѓа на само неколку чекори подалеку од трговскиот центар Метропол, престижното Казино де Монте Карло, плажите и некои од најдобрите ресторани во овој дел од светот.
Нудејќи речиси 200 квадратни метри простор, две спални соби и две купатила, оваа резиденција која исполнува многу високи стандарди има 24/7 консиерж услуга, фитнес и прекрасен базен. Нејзиниот главен влез е на страната на познатото казино, додека вториот влез води кон морето, со директен пристап до плажата и авенијата која е идеална за пешачење.
Луксузниот стан се наоѓа на западната страна од зградата, нуди спектакуларен поглед на градината и Belle Epoque фасадата на казиното. Ова е веројатно идеалното место да се впие енергијата и гламурот на Монако, додека во исто време се доживувате себеси .
Пентхаусот е целосно реновиран во изминатите неколку месеци, користејќи ги само најдобрите материјали и финиши кои помогнале да се развие удобна атмосфера со изобилство на шарм.
Цената на овој пентхаус е скоро 16 милиони евра, а мораме да истакнеме дека е внимателно декориран бидејќи е наменет за софистицирани клиенти. Тој доаѓа со приватна визба и паркинг простор во внатрешноста на зградата, што практично е невозможно да се најде во Монако.