Веќе ја имавме можноста да ја видиме луксузната Gucci колекција за ентериери, а сега овој бренд се враќа на сцената со своите нови декорации…
Овој пат, нивната линија содржи сè – од екстравагантни столици, до шик парчиња како шољички, свеќи и држачи за мирисни стапчиња. Се разбира, секое парче е декорирано со интригантна графика и дезени на Gucci, создавајќи луксузна и примамлива естетика која веднаш ќе ја крене естетиката во секоја соба.