Да се посети Куба, значи како да се се вратиле во минатото …
Првите асоцијации за Куба на сите ни се: цигари, рум, коктели, плажи со песок, салса, револуција, Че Гевара и Кастро, но, Куба нуди многу повеќе.
Вистинската Куба најдобро може да ја запознаете патувајќи долж крајбрежјето, шетајќи по улиците и разговарајќи со локалното население.
Одлучете се за прошетки по улиците на старата Хавана, ритамот на саласа во клубовите на Тринидад или за коктели и цигари на плажите на Кајо Ларго … Куба сигурно нема да ве разочара.
Поголемиот дел од земјата е ист како во времето кога ембаргото стапило на сила, а оваа дестинација ја одликува луксузна архитектура и природна убавина.
Кубанските плажи со бел мек песок, кристално море и корални гребени, спаѓаат меѓу најубавите плажи на Карибите, а најпознато место за одмор е Варадеро.
Исто така Куба може да се пофали со спектакуларни национални паркови, како Националниот парк Хумболд со уникатната флора и фауна, кој е под заштита на Унеско.
На гастрономите им познато дека кубанската кујна е мешавина на шпански, афрички и карипски начини на приготвување на храна, која се базира на морски плодови. Националното јадење се вика ахаико креолито, комбинација на зеленчук со месо, додека едно од најпознатите јадења е ориз со пиле – Ароз кон поло.
Невозможно е да се биде на Куба, а да не заиграте во ритамот на салса, меренгуе или бачата.
Овој хедонистички рај е создаден за бегство од реалноста и создавање спомени кои никогаш нема да ги заборавите.