Најпознатиот портокалов алкохол, оваа година го одбележува својот 100-ти роденден.
Со доаѓањето на топлото време започна и сезоната на Aperol Spritz. Иако сите сакаме да уживаме во коктелите во текот на целото лето, важно е да знаете дека алкохолот има лошо влијание врз вашето здравје.
Aperol Spritz може да ви помогне ако се обидувате да го намалите количеството на алкохол што го консумирате во летните месеци.
Имено, Aperol е алкохолен пијалок со помала јачина отколку стандардните пијалоци. Содржи околу 11% алкохол, а во самиот Spritz се користи многу мала количина на Аперол, која се разредува со просеко и минерална вода.
Во стандардниот Aperol Spritz има 125 калории, горчлив вкус кој помага при пробава и се произведува од растенија кои имаат антиоксидантни својства.
Како и кај сите алкохолни пијалаци, консумирањето во умерени количини е од клучно значење.
Жените се советуваат да не пијат повеќе од 14 единици алкохол неделно и тоа треба да се распореди на три или повеќе дена.
Конечно … уживајте во вашиот летен коктел.