Брендот Bvlgari го пронајде својот пат до нашите срца со драматичната и инспиративна колекција на накит, наречена Cinemagia …
Оваа естетска линија е откриена во живописната околина на Капри. Инспирирана од римскиот начин на живот и љубовта која овој бренд ја негува кон филмскиот свет, линијата содржи нараквици, ѓердани, обетки и прстени.
Настанот на кој беше претставена колекцијата се одигра во вилата Цертоса на Капри, каде што гостите се дружеа со познати личности како што се Кејт Хадсон и Ума Турман, кои присуствуваа како сведоци на магијата на брендот Bvlgari, во почит кон филмската индустрија.
Ѓерданот ги одушеви сите присутни со своите елементи од драгоцени камења и естетска убавина. Премиум инијата беше презентирана за време на модна ревија. И додека присутните ја апсорбираа харизма и елеганција на оваа линија, пејачката Никол Шрезингер ги воодушеви со нејзините песни. Комбинација од соништа, нели?