B.Blossom е најновата колекција на префинетиот накит на брендот Louis Vuitton…
Колекцијата е создадена како дело на актуелната уметничка директорка на секторот за часовници и накит, Francesca Amfitheatrof, која претходно работеше за Tiffany & Co, а стана најпозната по своите креативни дизајни.
Новата LV колекција на накит комбинира злато, скапоцени камења и мали дијаманти, со префинет дизајн на цвеќе во форма на ѕвезда, создадени од Жорж-Луј Витон во 1896 година. Колекцијата содржи неколку нараквици, обетки, ѓердани и розови и жолти златни прстени, украсени со дијаманти.