Неверојатна убавина …
Ели Сааб ја претстави новата колекција Resort 2020
Главниот фокус е ставен на неколку основни бои: жолта, темно сина и бела. Се разбира, колекцијата е со многу везови, транспарентни ткаенини, цветни мотиви, рачно извезени монистри, светли акварели, а тантелата има посебна улога.
Во колекцијата можете да видите фустани, кошули од тантела, па дури и комплети – панталони со јакни.
Традиционално, фустаните од оваа колекција ги имаат сите шанси да се најдат на најпознатите свечени церемонии, а некои веројатно ќе се преселат во гардероберите на кралските семејства. На пример, неодамна, војвотката Кејт Мидлтон се појави на годишната кралска трка во Ascot со фустанот на Ели Сааб од претходната Resort колекција.